Кошаркарите на ТФТ го претрпеа и вториот гостински пораз неделава во пресметките со бугарските екипи во БИБЛ лигата, откако загубија вечерва на гостувањето во Пловдив кај Академик со 80:75.
Македонскиот дебитант во балканската регионална лига одржуваше резултатска неизвесност на гостувањето кај Академик до самиот финиш, но, на крајот, сепак, пресуди искуството во редовите на лидерот во БИБЛ лигата.
Најефикасен во редовите на екипата од Скопје беше Американецот Тај Херис со 24 поени.
ТФТ во вторник загуби на гостувањето во Стара Загора против Берое со 108: 73 и по шест одиграни натпревари во БИБЛ лигата има скор од две победи и четири порази.
Во следното коло, ТФТ во Скопје го пречекува Академик.