Тренерот на Арсенал, Микел Артета е задоволен од изданието на неговите фудбалери во групната фаза во Лигата на Европа.

Арсенал е единствениот тим кој победи на сите шест натпревари во групната фаза оваа сезона во евро-куповите.

– Групната фаза како целина се покажа како навистина позитивна за нас. Да се ​​победи на шест натпревари во Лигата на Европа никогаш не е лесно. Мислам дека прикажавме стабилна и добра игра. Дали довербата што беше во Лигата на Европа ќе се прошири и на Премиер лигата? Треба да го искористиме ова. Мора веднаш да започнеме со победи на натпреварите. Резултатите од последните шест до осум недели не смеат да се повторат. Треба да ја смениме ситуацијата веднаш, почнувајќи од првиот следен меч во Премиер лигата, нагласи Артета.

Во Премиер лигата, лондонци се наоѓаат на 15. место по 11 одиграни кола, со само 13 освоени бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2020 15:50