Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, е прогласен за спортист на годината во избор на американскиот магазин „Тајм“.

Џејмс во годината, која изминува, ја освои шампионската титула во НБА лигата со „Лејкерси“, но, исто така, стана и еден од најсилните гласови во спорот против расните и социјалните неправди.

„По речиси две децении минати во НБА лигата, Џејмс во целост прифати дека неговиот талент на теренот е средство за постигнување многу повеќе надвор од него. И оваа година, повеќе од кога и да е во минатото, тој покажа дека му нема рамен“, напиша „Тајм“.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2020 19:08