Соиграчите на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во Наполи, Елсед Хусај и Амир Рахмани, ќе бидат во комбинација за настап на мечот против Сампдорија в недела, откако дефанзивниот тандем бил негативен на повтореното тестирање за коронавирус.
Албанскиот репрезентативец Хусај и членот на косовската репрезентација Рахмани, го пропуштија вчерашниот натпревар против Реал Сосиедад во Лига Европа, откако на задолжителното тестирање за Ковид 19, двата наоди биле позитивни.
Двајцата фудбалери на Наполи, во меѓувреме, повторно биле подложени на тестирање и резултати, овој пат, биле негативни, јавија денеска италијанските медиуми.