Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло ја коментираше победата над Џенова во мечот од 11. коло на италијанскиот шампионат (3:1).

– Ставот е најважната работа. Мечот со Барселона мораше да го исфрлиме од нашите глави. Игравме против тим кој сакаше да се затвори и само да се брани, па ни требаше трпеливост и правилен став да нападнеме и да направиме да грешат. Беше непријатно да се прими гол буквално по првиот удар кон нашиот гол, но брзо се соземавме и ја исполнивме целта, изјави Пирло.

Јувентус по 11. коло се искачи на 4. место на табелата во Серија А со 23 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2020 00:43