Фудбалската федерација на Србија (ФСС) обелодени вечерва дека спогодбено го раскинала договорот со селекторот Љубиша Тумбаковиќ, додавајќи оти веќе се отпочнати разговори со неколку кандидати за негов наследник.
Во соопштението на ФСС нема детали околу причините за прекинот на соработката со Тумбаковиќ, кој ја предводеше репрезентацијата на Србија од мај 2019 година.
Србија не успеа да обезбеди пласман на претстојното Европско првенство, а во квалификациите за Мундијалот во Катар е во група со Португалија, Република Ирска, Азербејџан и Луксембург.
Наследникот на Тумбаковиќ, како што е соопштено, се очекува да биде познат до крајот на оваа година.