Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, многу скоро ќе се врати во својот претходен клуб Јувентус, тврди лондонскиот весник „Мирор“.
Извор на весникот денеска наведе дека Погба во јануарскиот преоден рок ќе му се приклучи на италијанскиот првак како позајмен играч, и покрај тоа што фудбалерот неодамна на својот Инстаграм профил објави дека е целосно фокусиран на настапите за „црвените ѓаволи“.
Погба има валиден договор со Манчестер јунајтед до 2022 година.