Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) вечерва ги соопшти термините за одигрување на осминафиналните натпревари во Лигата на шампиони (ЛШ).

Нокаут фазата во елитното европско клупско натпреварување ќе стартува со дербито меѓу Барселона и ПСЖ на 16 февруари идната година, а истиот ден Лајпциг ќе го пречека Ливерпул.

Двојки и термини за осминафиналните натпревари во ЛШ:

Барселона – ПСЖ (прв натпревар 16 февруари/реванш 10 март)

Лајпциг – Ливерпул (прв натпревар 16 февруари/реванш 10 март)

Порто – Јувентус (прв натпревар 17 февруари/реванш 9 март)

Севиља – Борусија Дортмунд (прв натпревар 17 февруари/реванш 9 март)

Лацио – Баерн Минхен (прв натпревар 23 февруари/реванш 17 март)

Атлетико Мадрид – Челзи (прва натпревар 23 февруари/реванш 17 март)

Борусија Менхенгладбах – Манчестер сити (прва натпревар 24 февруари/реванш 16 март)

Аталанта – Реал Мадрид (прва натпревар 24 февруари/реванш 16 март).



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2020 22:39