Доскорешниот тренер на АЗ Алкмар, Анре Слот, ќе го наследи Дик Адвокат на клупата на Феенорд од новата сезона, соопшти денеска холандскиот прволигаш од Ротердам.
Слот (42), на почетокот на овој месец беше отпуштен од АЗ, откако во холандскиот печат протекоа информации дека е во преговори со Феенорд.
Феенорд соопшти дека со Слот е потпишан договор на две години, со можност соработката да биде продолжена за уште една година. Финансиските детали не се обелоденети.
-Доаѓањето во Феенорд е голем чекор во мојата кариера. Кога голем клуб како Феенорд те бара, тогаш не си само почестен, туку и горд што можеш да го направиш тој чекор, изјави Слот.