Со натпреварите од 18. коло попладнево се заокружи првиот дел од сезоната 2020/21 во Првата македонска фудбалска лига. Есенски шампион е тимот на Шкендија која го претрпе првиот пораз, и тоа на свој терен од Пелистер со гол примен во последната минута.

Резултати на денешните средби: Беласица – Вардар 0:3 Македонија ЃП – Ренова 2:3 Работнички – Борец 2:1 Шкендија – Пелистер 0:1 Шкупи – Струга Трим Лум 1:2 Силекс – Академија Пандев 1:2.

Табела: Шкендија 39 бодови, Шкупи 33, Македонија ЃП 33, Струга Трим Лум 28, Вардар 25, Борец 25, Работнички 24, Силекс 22, Ренова 19, Пелистер 18, Академија Пандев 17, Беласица 9.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2020 16:01