Кошаркарите на Еуро Никел приредија изненадување совладувајќи го на гостински терен актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром со 87:75, во еден од трите натпревари одиграни вечерва во рамки на осмото коло во Првата македонската кошаркарска лига.
Најзаслужен за триумфот на кавадаречкиот прволигаш беше поранешниот македонски репрезентативец Дарко Соколов, кој мечот во салата „Јане Сандански“ го заврши со 30 поени, додавајќи шест скокови и две асистенции.
Гостинска победа славеше и екипата на Академија ФМП над скопски Вардар со 82:79, додека Пелистер не дозволи изненадување во Битола и триумфираше убедливо со 113: 75 над Куманово.
Натпреварите од осмото коло меѓу Работнички – Црн Дрим, ТФТ – МЗТ Скопје Уни банка и Кожув – Гостивар се одложени.