Еден од најталентираните фудбалери во Европа, Унгарецот Доминик Собослај, ги засили редовите на Лајпциг, потврди германскиот осминафиналист во Лигата на шампиони.
Дваесетгодишниот Собослај се пресели во Бундеслигата од редовите на Салцбург со кого го врзуваше договор до 2025 година, но Лајпциг се согласи да ја плати откупната клаузула во износ од 25 милиони евра.
За услугите на Собослај беа заинтересирани и повеќе европски гиганти, меѓу кои Реал Мадрид, Баерн Минхен и Арсенал.