Копер Приморска е исфрлена од АБА лигата, откако словенечката екипа вторпат самоиницијативно откажа натпревар во регионалното кошаркарско натпреварување.

Одлуката на раководството на АБА лигата следува откако екипата од Копер од „неоправдани причини“ ја откажа организацијата на натпреварот против Сплит што требаше да се одигра на 19 декември, во рамки на 11-то коло.

Сите натпревари на Приморска ќе бидат регистрирани со резултат 20:0 за противникот, а на словенечкиот клуб му се заканува и висока парична казна, како и тригодишна забрана за учество во АБА лигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2020 21:48