Бонус од милиони фунти ќе добие новиот тренер на Вест Бромвич Албион (ВБА) Сем Алардајс, доколку успее на крајот од сезоната да го спаси клубот од Бирмингем од испаѓање од Премиерлигата.

Ова, како што објави денеска лондонскиот весник „Дејли Мејл“ се предвидува со посебна клаузула во договорот што Алардајс во средата го потпиша со ВБА.

ВБА во моментов е на претпоследното место на табелата во Премиерлигата со седум бодови од 13 натпревари.

Шеесетишестгодишниот Алардајс во минатото ги водеше Болтон, Њукасл, Блекбурн, Вест Хем, Сандерленд и Кристал Палас, а британските медиуми му го дадоа прекарот „експерт за спасување“, бидејќи ниту еден клуб што тој го предводел никогаш досега не испаднал од Премиерлигата.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/12/2020 22:33