Фудбалерот за врска на Астон Вила, Џек Грилиш, може да ја продолжи кариерата во друг клуб, објави „Дејли експрес“.

Според британскиот медиум, за 25-годишниот Англичанец е заинтересиран Ливерпул и трансферот може да се реализира во текот на зимскиот преоден рок.

Грилиш оваа сезона одигра 12 натпревари за Астон Вила, постигнувајќи шест гола и пет асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2020 14:01