Ванеса Брајант ја отфрли тужбата на нејзината мајка затоа што смета дека сака да и изнуди пари.
Мајката на сопругата на починатата легенда на НБА Коби Брајант тврди дека и должи повеќегодишна плата за „работата што ја извршувала како неплатена асистентка во семејството“.
Ванеса Брајант изјавува дека заедно со Коби и дозволиле на нејзината мајка да живее бесплатно во еден од нивните имоти на брегот. Притоа, тие не ветиле ништо, ниту ја обесхрабриле да се грижи за себе.
– Таа беше баба, која на мое барање, беше издржувана од мене и нејзиниот зет. Таа сега сака да ми наплати 96 долари на час, за работа од 12 часа на ден за 18 години грижа за своите внуци. Во реалноста, таа само повремено се грижеше за моите постари ќерки кога беа бебиња, рече Брајант.
Ванеса беше разочарана и откако нејзината мајка јавно обвини дека сакаат да ја истераат од куќата и побарале да им го врати луксузниот автомобил.
– Дури и после тоа предавство, бев подготвена да ја издржувам мајка ми за цел живот на месечно ниво, и тоа не беше доволно добро. Наместо тоа, таа ме контактираше преку посредник, и спротивно на она што го тврди, мојот телефонски број е непроменет и ми побара пет милиони долари, куќа и џип Мерцедес, истакна Ванеса Брајант.