Шалке ја продолжи серијата без триумф, откако загуби на домашен терен од Арминија Билефилд со 1:0, во рамки на 14. коло во Бундеслигата
Тимот од Гелзенкирхен попладнево од клупата го водеше Хуб Стевенс, кој вчера беше назначен за наследник Мануел Баум, но тренерската смена остана без ефект и серијата без победа на Шалке се продолжи на 29. натпревари.
Бундеслига – 13. коло:
Шалке – Арминија Билефилд 0:1, Аугсбург – Ајнтрахт Франкфурт 0:2, Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм 1:2, Мајнц – Вердер Бремен 0:1, Лајпциг – Келн 0:0.