Јужнокорејскиот фудбалски првак Улсан е победник на овогодишното издание на азиската Лига на шампиони, откако вечерва славеше во финалето над ирански Персополис со 2:1, на неутрален терен во катарската престолнина Доха.
Улсан стигна до трофејот со пресврт благодарение на двата гола на Бразилецот Жуниор Негао (45+4, 55), откако Персополис дојде во водство преку Абди Каре (45).
За Улсан ова е втор триумф во Лигата на шампиони, по успехот во 2012 година, додека иранскиот првак втор пат во последните три сезони наиде на пречка на чекор до трофејот.