Лејкерс се договорија со Кајл Кузма да ја продолжат соработката за три години. Кошаркарот за новиот договор ќе инкасира 40 милиони долари.
Според договорот, 25-годишниот Кузма на 28 години ќе стане слободен агент.
Кузма беше на 27-ми пик на драфтот за 2017 година. За три сезони со Лејкерси, кошаркарот одигра 208 натпревари, со просек 16 поени, 5,5 скока и 1,9 асистенции.
Минатата сезона Американецот со Лос Анџелес лејкерс стигна до шампионската титула.