Капитенот на премиерлигашот Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, минал најмногу минути на теренот во 2020 година споредено со сите други фудбалери во светот, соопшти фудбалската опсерваторија (CIES).
Според резултатите од истражувањето објавено денеска, Мегваер одиграл вкупно 4.746 минути заклучно со17 декември, што е за 401 минути повеќе од дефанзивецот на Манчестер сити, Рубен Диаз, на второто место.
Трет, според истражувањето на фудбалската опсерваторија, е капитенот на Барселона, Лионел Меси, кој годинава одиграл 4.293 минути.