Англиската фудбалска федерација (ФА) го одложи за крајот на април финалето на Карабао купот, што првично беше закажано за 28 февруари.

Одлуката финалниот натпревар да се одигра на 25 април на стадионот „Вембли“ во Лондон е мотивирана од нашата намера, завршницата на Карабао купот да се игра пред што е можно повеќе гледачи на трибините, соопшти ФА.

Проекциите на ФА се дека „Вембли“ ќе може да прими многу повеќе навивачи на крајот од април, отколку во февруари, иако тоа првенствено ќе зависи од состојбата со коронавирусот и мерките што ќе бидат преземени од британските власти.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/12/2020 21:39