Суспензија од пет натпревари му е изречена на фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам, поради плукање противнички играч, соопшти попладнево Германската фудбалска асоцијација.
Максималната казна, како што е образложено, може да изнесува шест натпревари, доколку Турам го повтори истиот прекршок до 21 декември 2021 година
Маркус Турам, кој е син на поранешниот француски репрезентативец Лилиан Турам, е казнет и со 40.000 евра, додека неговиот матичен клуб претходно, исто така, му изрече парична казна во висина од една плата, што ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Французинот на мечот од Бундеслигата против Хофенхајм, во саботата, го плукна в лице противничкиот играч Стефан Пош, по што беше исклучен и критикуван од своите соиграчи и тренерот на Менхенгладбах.