Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско, го известил раководството дека сака да замине од „кралскиот клуб“, но неговата иднина е неизвесна откако актуелниот шпански првак бара високо обесштетување што засега ниту еден клуб не е подготвен да го плати, јавија денеска локалните медиуми.

Дваесетисумгодишниот Иско, кој има важечки договор до јуни 2022 година, оваа сезона собра само десет настапи во дресот на Реал, а само три пати се најде во почетниот состав.

Шпанските медиуми наведуваат дека Иско има комплициран однос со тренерот Зинедин Зидан, но и покрај незадоволството на Иско, Реал не сака да го пушти како позајмен играч, и бара отштета од 60 милиони евра

За Иско е заинтересирана Севиља, но шпанскиот прволигаш не е во состојба да плати толку висока откупна клаузула.

Интерес за фудбалерот на Реал покажуваат и неколку премиерлигаши, но засега во Мадрид не е пристигната ниту една понуда.

Иско дојде во Реал за 30 милиони евра од Малага во 2013 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/12/2020 23:08