Нов зелен корнер со детски површини, дрјва и клупи доби населбата Карпош 2 на „Илинденска".

Како што соопшти градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој денеска беше во посетата на корнерот, станува збор за ново зеленило, наменето претежно за население со мали деца.

Според Богоев, овој зелен маалски корнер е најголема потврда за создавање на нов квалитет и вредност на јавните простори во градот и во општините.

-Овде можете да видите дека има ново зеленило има нови содржини, клупи, корпи за отпадоци детски содржини, нови дрвја нешто што ќе биде корисно за граѓаните од овој дел од општината а кои до сега немаа воопшто никаков ваков простор за дружење на отворено корист на јавна површина за овој дел од Карпош, поточно во населбата Карпош 2, рече Богоев.

Тој појасни дека при создавање на овој зелен корнер, имало и анкета на граѓаните, и практично станува збор за нивна желба да имаат еден ваков простор во населбата.

Градоначалникот нагласи дека во претходниот детален урбанистички план на ова место било планирано да има бетон и асфалт. Како една мала ретроспектива, тој потсети дека Оптшина Карпош целосно го следела трендот на Градот Скопје за разеленување и опременување на нови јавни површини. -Направивме повеќе маалски паркови, и финишираме и деновиве со нови јавни содржини. И во следната 2021 година продолжуваме со исто темпо на дополнително зеленување на градот, додаде Богоев.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов при денешната посета на новиот зелен корнер истакна дека со овој корнер е реализиран прв од седумте микролокации работени заедно во проектот со УНДП.

Во оваа средина, како што потенцира градоначалникот, претежно живее население со мали дечиња но во анкетата биле вклучени сите возрасни групи.

-Станува збор за инклузивен процес во кој што се вклучени сите структури на граѓани, кои што гравитираат во јавниот простор што беше овде, овде имавме еден релативно запуштен тревник порано, сега можете да видите дека е адаптиран на едно пристојно место каде што имаме повеќе од 36 нови садници од шест различни видови поставени, рече Шилегов.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2020 13:54