Кошаркарот на Вашингтон, Расел Вестбрук, дебитираше за својот нов тим ноќеска против Филаделфија (107:113) со „трипл-дабл“ – 21 поен, 11 скока и 15 асистенции.

Вестбрук стана 6-ти играч во историјата на НБА-лигата со трипл-дабл на својот прв натпревар за новиот тим.

Претходно, Оскар Робертсон, Нејт Турмонд, Џон Шумате, Луис Лојд и Елфрид Пајтон успеаја да го сторат тоа.

Вестбрук се приклучи на Вашингтон визардс на 3 декември.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2020 15:27