Поранешниот белоруски репрезентативец Максим Цигалко, кој стекна светска слава во „виртуелниот“ фудбал, почина на 38-годишна возраст, јавија денеска локалните медиуми.
Цигалко во своите тинејџерски години важеше за еден од најголемите таленти на белорускиот фудбал, но честите повреди го принудија да стави крај на кариерата на само 26 години.
Дебитираше за Динамо Минск со 18 години, и во периодот од 2001 до 2004 година постигна 28 голови на 65 натпревари. Одигра и два натпревара за репрезентацијата на Белорусија.
Светска слава стекна на почетокот на овој век надвор од фудбалскиот терен, како голема ѕвезда на популарната видео-игра „Football Мanager (CM01/02)“, во која Цигалко беше „машина за голови“ и најисплатлива инвестиција за голем број играчи.