Членот на италијанскиот прволигаш Рома, Хенрик Мхитарјан, е прогласен за најдобар фудбалер на Ерменија во 2020 година.

Во гласањето учествуваа тренерите и капитените на екипите од Првата ерменска фудбалска лига, како и домашните спортски новинари.

Мхитарјан, како што соопшти вечерва Фудбалската федерација на Ерменија, собра 133 гласови, освојувајќи ја наградата по рекорден десетти пат во кариерата.

Второто место со 79 гласови го освои фудбалерот на Астана и поранешен член на Вардар, Тигран Баргесјан, додека трет со 25 гласови е Вахан Бичакчијан од екипата на Жилина.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2020 01:08