Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари го собори клупскиот рекорд за најмногу погодени слободни фрлања по ред. На натпреварот против Чикаго (129:128) одигран ноќеска, 32-годишниот Кари го реализира 61-то слободно фрлање во низа и го сруши рекордот на Рик Бери.

Покрај тоа, Кари стана третиот играч во историјата на НБА кој погодил 2.500 прецизни удари од 3 поени во неговата кариера.

Вкупно, на дуелот со Чикаго, Кари постигна 36 поени, со што стана најефикасен играч.

Пред два дена, Кари имаше свое петминутно шоу на тренинг кога погоди 105 тројки во серија.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2020 11:56