Кошаркарот на Портланд, Кармело Ентони не отпатува со тимот за мечот против Лејкерс.

Ентони остана во Орегон „придржувајќи се на протоколот за здравје и безбедност на НБА“. Ова го соопшти клубот.

Триесет и шестгодишниот Ентони има просек од 10 поени по натпревар на неговите две воведни средби сезонава.

Средбата Лос Анџелес лејкерс – Портланд е закажана за ноќта понеделник кон вторник со почеток во 4 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2020 14:00