Фудбалерот на Тотенхем, Герет Бејл, ќе отсуствува неколку недели од теренот поради повреда на бутниот мускул, обелодени денеска тренерот на лондонскиот премиерлигаш Жозе Мурињо.

Бејл се повреди минатата среда на мечот од Лига купот против Стоук.

„Не би рекол дека е сериозно, но мислам дека (Бејл) ќе биде отсутен неколку недели“, изјави Мурињо на прес – конференција во Лондон, пред утрешниот натпревар против градскиот ривал Фулам.

Британските медиуми јавија дека Мурињо за мечот против Фулам веројатно нема да може да смета ниту на Лукас Моура и Карлос Винисиус.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2020 21:09