Кандидатот за претседател на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, Виктор Фонт, вети денеска враќање на Чави Ернандез и Жорди Кројф во каталонскиот клуб, доколку тој победи на јануарските избори.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Чави во тој случај би бил генерален секретар, додека Жорди Кројф, син на легендарниот Јохан Кројф, би бил назначен за спортски директор.
Според истите извори, актуелниот тренер на каталонскиот клуб, Роналд Куман, ќе остане на должноста, во случај на изборна победа на Фонт.
Наследникот на Жозеп Бартомеу, кој во октомври годинава поднесе оставка на претседателското место во Барселона, ќе биде познат на изборите закажани за 24 јануари.