Сениорската екипа на КК „Ангели“ од Општина Кисела Вода една година нема загубено ниеден натпревар. Кошаркарите на „Ангели“ досега имаат забележано 15 победи по ред, соопшти денеска Општина Кисела Вода.
– Нашата сениорска екипа, оваа сезона е перфектна и од одиграни осум кола е со исто толку победи. Сакам да нагласам дека 2020 година ја завршивме без загубен натпревар. Ова импресивно достигнување нашата екипа од Кисела Вода го започна на 14 декември во 2019 со победа над тимот на КК „Албест“ со резултат 80:68, и од тој ден имаме 15 победи по ред, изјави Благоја Кечовски, менаџер на КК „Ангели“.
Тој потсети на резултатите од досегашните победи, почнувајќи од 21 декември 2019 година. Напомена дека сезоната 2019/2020 беше прекината поради пандемијата со вирусот КОВИД-19.
-Во новата сезона 2020/2021 екипата на КК „Ангели“ прикажа уште подоминантна игра и во првиот дел по осум одиграни кола се уште сме единствена непоразена екипа. Победивме на следните натпревари: КК „Ангели“ – „Баскет Кам“ од Македонска Каменица 96:66, КК „Струмица“ – КК „Ангели“ 46:67; КК „Ангели“– КК „Феникс“ 69:65; КК „Ангели“ – „Куманово 2“ 96:74; КК „Ангели“ – „Борец Баскет“ од Велес 83:56; КК „Ангели“ – „Про баскет“ од Радовиш 90:54; КК „Ангели“ – КК „Куманово“ 84:60; КК „Ролинг 08“ од Струмица – КК „Ангели“ 58:111, изјави Кечовски.
Екипата на КК „Ангели“ и на последниот натпревар, изминатиот викенд со резултат од 84-60 ја победи и екипата на КК „Куманово“.