Премиерлигашот Манчестер сити соопшти вечерва дека екипата повторно тренира, откако сите резултати од последните тестирања на коронавирус во тимот се негативни.

– Првиот тим на Манчестер сити, по консултации со Премиерлигата, денеска се врати во тренажен процес во рамки на подготовките за натпреварот против Челзи в недела, соопшти клубот од Манчестер на својот официјален веб-сајт.

Екипата на Пет Гвардиола не го одигра натпреварот против Евертон во понеделникот поради неколку заразени фудбалери со коронавирус во своите редови.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/12/2020 01:24