Најдобриот играч на Хјустон, Џејмс Харден го пропушти натпреварот против Сакраменто одигран ноќеска во „Тојота центар“.
Според инсајдерот Џонатан Фајген, 31-годишниот Американец не бил во можност да игра поради дисторзија на десниот скочен зглоб.
Харден оваа сезона настапи на три средби и имаше просек од 37 поени по натпревар.
Хјустон го доби мечот со Сакраменто со 102:94.
На другите НБА натпревари одиграни ноќеска постигнати се овие резултати:
Индијана – Њујорк 102:106 Орландо – Оклахома сити 99:108 Филаделфија – Шарлот 127:112 Атланта – Кливленд 91:96 Њу Орлеанс – Торонто 120:116.