Германскиот фудбалски прволигаш Мајнц го именува денеска за нов тренер својот поранешен фудбалер Бо Свенсон.

Четириесетиедногодишниот Данец ја заврши играчката кариера во 2014 година, минувајќи ги последните седум сезони во дресот на Мајнц за кој одигра 109 натпревари.

Тренерската кариера ја започна во младинските категории на Мајнц, а од 2019 година го предводеше австрискиот второлигаш Лиферинг.

Свенсон е четвртиот тренер сезонава на клупата на Мајнц, по Ахим Бајерлорцер, Јан-Мориц Лихте и Мартин Шмит.

Мајнц на 14 натпревари досега во Бундеслигата освои само шест бодови, а во неделата загуби на гостувањето кај шампионот Баерн Минхен со 5:2, иако имаше предност од 2:0.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2021 23:01