Македонскиот кошаркарски прволигаш Гостивар попладнево официјално го промовираше Американецот Џалон Фрајдеј како свое најново засилување.

Дваесетичетиригодишниот Фрајдеј доаѓа во редовите на Гостивар од екипата на Јазине Задар II, која од минатата есен официјално се води како втор тим на хрватскиот кошаркарски клуб Задар.

Американскиот центар, висок 206 сантиметри, претходно во кариерата настапуваше и за кипарски Аполон.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2021 23:03