Плејмејкерот на италијанскиот кошаркарски клуб Виртус, Милош Теодосиќ е прогласен за најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел од сезоната 2020/21 во Еврокупот.

Триесет и тригодишниот српски кошаркар имаше просек од 14,6 поени и 6,4 асистенции по натпревар.

Во исто време, Виртус стана единствениот тим кој не доживеа ниту еден пораз во групната фаза од сезоната (10-0).

Теодосиќ, кој исто така беше МВП во сезоната 2019/20, стана првиот играч кој оваа награда ја освои двапати.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2021 16:49