Американскиот кошаркар Леброн Џејмс го впери прстот во претседателот во заминување Доналд Трамп како главен виновник за хаотичните сцени што во средата се случија во зградата на Конгресот во Вашингтон.

Стотици приврзаници на Трамп упаднаа завчера во Капитол Хил во обид да спречат потврда на изборната победа на неговиот наследник на должноста Џо Бајден. Во немирите животот го загубија четири лица, а вкупно 52. беа уапсени. Откако состојбата се смири, Конгресот ја потврди изборната победа на Бајден, кој на должноста американски претседател официјално ќе стапи на 20 јануари.

„Живееме во две Америки“, истакна ѕвездата на НБА шампионот Лос Анџелес лејкерс.

-Сето ова што се случи е директно поврзано со претседателот, неговите постапки, уверувања и желби. Ги гледавме неговите твитер пораки на целиот пат до ова уништување, оцени Леброн Џејмс, кој е познат како жесток критичар на Трамп и борец против расната дискриминација во САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/01/2021 00:45