Кошаркарот на Шарлот, Ламело Бол, се запиша во историјата на НБА лигата како најмлад кошаркар кој оствари трипл-дабл.
Ноќеска на мечот со Атланта, Бол постигна 22 поени, 12 скока и 11 асистенции. Играчот до ова достигнување дојде на возраст од 19 години и 140 дена.
Претходниот рекорд му припаѓаше на Маркел Фулц од Орландо кој двоцифрен ефект во три статистички категории имаше со 19 години и 317 дена.
Бол на теренот мина 31 минута и 11 секунди и беше еден од најзаслужните за победата на Шарлот со 113:105.