Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави нема да учествува на Светското првенство во ракомет. Причината е голем број играчи со позитивни тестови за коронавирус.

Мундијалот ќе почне денес и ќе трае до 31 јануари во Египет. Американскиот тим ќе биде заменет со репрезентацијата на Швајцарија, која заврши на 16. место на Европското првенство.

Швајцарците ќе играат во Е-групата заедно со Австрија, Франција и Норвешка.

Претходно, Чешка го откажа учеството и беше заменета со македонската репрезентација.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2021 11:54