Кошаркарот на Бруклин, Кевин Дурент постигна 34 поени ноќеска на дуелот со Денвер (122:116) и се искачи од 31. на 28. место во ефикасност во историјата на НБА лигата.

Сега на сметка на Дурант има 23.179 поени. Тој ги престигна Елгин Бејлор (23.149), Двејн Вејд (23.165) и Адријан Дантли (23.177).

Следен којшто го „брка“ Дурант е Роберт Периш (23.334) кој е 27-ми на вечната листа.

Лидер по број на поени во НБА е Карим Абдул-Џабар со 38 387 поени. Најблиску до него од активните кошаркари е Леброн Џејмс (3. место, 34.531).



Автор: Администратор
Објавено на: 13/01/2021 12:45