Кошаркарите на Куманово со половичен ефект ги завршија гостувањата во Бугарија во рамки на БИБЛ лигата, откако по вчерашниот триумф над лидерот Академик, вечерва претрпеа убедлив пораз од Берое.
Македонскиот тим лошо го отвори натпреварот и замина на полувреме со негатива од 22 поени (56:34), која екипата од Стара Загора до крајот ја зголеми за конечни 105:76.
По седум одиграни натпревари во регионалното кошаркарско натпреварување, Куманово има скор од три победи и четири порази.