Македонскиот првак во футсал Шкупи го заврши настапот во Лигата на шампиони (ЛШ), откако попладнево загуби во шеснаесетфиналето на гостувањето против украински Продексим Херсон со 4:1.

Шкупи пружи достоен отпор во салата „Јунист“ во Запорожје, но беше немоќен да приреди изненадување против украинскиот фаворит.

Домаќините го најавија пласманот во осминафиналето со два гола во првото полувреме, преку Зварух и Билоцеркивец. Шкупи намали на 2:1 со автоголот на Клаудио, но Херсон ја врати предноста од два гола веќе во следниот напад со вториот гол на Билоцеркивец. Бразилскиот интернационален Клаудио зголеми во финишот на 4:1, а печат на триумфот во последните секунди од натпреварот стави неговиот сонародник Да Роса.

Шкупи во првото коло го совлада во Скопје ирскиот шампион Блу Меџик Даблин со 2:0.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2021 16:30