Екипата на „Бадел 1862“ се зацврсти на врвот во Првата женска кошаркарска лига-запад, откако кошаркарките од Кисела Вода славеа убедливо викендот на домашен терен над Гостивар со 110:40 (35:08, 23:15, 34:04, 18:13), во заостанат натпревар од четвртото коло.

Најефикасна на натпреварот од екипата на жолто-сините беше Цветанка Димова со постигнати 36 поени. Ефикасни на теренот беа и Сара Максимовска 16 поени, Марија Димитријевиќ 15, Марија Николов 14, Сања Адамовска 12, Мартина Марковска 8, Сандра Лазареска 5 и Стефани Цветановска 4 поени. Во редовите на Гостивар, најмногу се истакнаа Божиновска 11, Петреска 10 и Стојаноска со 9 постигнати поени.

– Во текот на натпреварот, на теренот доминантни беа нашите кошаркарки. Шанса за докажување им дадовме и на помладите „баделки“, кои максимално ја искористија и дадоа голем придонес, изјави тренерот на „Бадел 1862“, Љупчо Павловски.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2021 13:14