Милан продолжува да преговара за продолжување на договорот со голманот Џанлуиџи Донарума. Сепак, агентот на фудбалерот Мино Рајола ја одби последната понуда на миланскиот клуб, која изнесуваше седум милиони евра годишно, напиша на Твитер новинарот Николо Шира.

Агентот инсистира неговиот клиент да добива 10 милиони по сезона. Милан е подготвен да ја зголеми својата понуда на осум милиони.

Договорот на 21-годишниот Италијанец со „росонерите“ истекува во летото 2021 година.

Оваа сезона Донарума одигра 16 натпревари во Серија А, на кои прими 16 гола, додека на шест натпревари ја зачува мрежата „сува“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2021 22:59