Кошаркарот на Далас маверикс, Тим Хардвеј ноќеска на натпреварот против Торонто ги промаши сите 12 удари од поле, без да постигне ниту еден поен. Ова е најлош учинок на еден натпревар во историјата на клубот, објави „ESPN Stats & Info“.
Далас го загуби натпреварот со 116:93, а Хардавеј на теренот помина 27 минути.
За одбележување е дека анти-НБА рекордот по бројот на промашувања без ниту еден погодок на еден натпревар му припаѓа на таткото на Хардвеј. Тим Хардвеј сениор имаше 0 од 17 обиди во 1991 година настапувајќи за Голден Стејт.