Кошаркарите на Денвер триумфираа синоќа над Оклахома со 119:101 предводени од Никола Јокиќ, кој запиша 27 поени, 12 скокови и шест асистенции.

Српскиот кошаркар заедно со Домантас Сабонис се единствените, кои на секој натпревар од почетокот на оваа сезона во НБА лигата остварија дабл-дабл ефект.

Во вториот натпревар во НБА лигата одигран ноќта меѓу вторникот и среда, екипата на Јута стигна до третиот последователен триумф совладувајќи го тимот на Њу Орлеанс со 118:102.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2021 12:21