Тренерот на Рома, Пауло Фонсека реагираше на веста за негов можен отказ во блиска иднина.

– Уште од првиот ден кога пристигнав во Рим бев свесен дека еден ден може да добијам отказ. Таква е тренерската работа. Ние сме таму каде што дозволува нашата игра. Јас целосно му верувам на мојот тим. Логично е дека кога губиме, се поставуваат многу прашања за мене. Во таква ситуација, останува само да продолжиме да работиме, истакна Фонсека за „Фудбал Италија“.

Претходно беше објавено дека Рома може да го отпушти Фонсека по елиминацијата во Купот на Италија.

Во Серија А, римјаните се четврти на табелата со 34 бода по 18 натпревари, а вчера беше елиминирана во осминафиналето од Купот на Италија од страна на Специја.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2021 22:47