Тимот на Манчестер сити се искачи на првата позиција на табелата во Англискиот фудбалски шампионат, откако вечерва ја совлада Астон Вила со 2:0.

До победата „граѓаните“ дојдоа со головите на Бернардо Силва во 79. и Илкај Гундоган во 89. минута.

Со новите три бода Манчестер сити има 38 бода, исто колку и второпласираниот Лестер, но и натпревар помалку. Трет е Манчестер јунајтед со 37, додека бранителот на шампионскиот трофеј Ливерпул има 34.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2021 23:48