Раководството на НБА одлучи да го одложи натпреварот закажан за в сабота меѓу Вашингтон и Милвоки.

Лигата претходно одложи пет натпревари на Визардс, поради избувнувањето на коронавирусот во составот.

Во средата, на клубот од главниот град му беше дозволено да продолжи со тренинзи и имаше осум играчи во составот, што ги исполнува минималните услови за натпревар.

Дефанзивецот Бредли Бил изјави дека Вашингтон „се бори да го одложи натпреварот“. Визардс стравуваа дека тимот ослабен од епидемијата и повредите, како и недостатокот на тренинзи, може да изгуби други играчи поради нови повреди.

НБА се согласи и одлучи да го одложи натпреварот. Вкупно, лигата досега одложи 17 натпревари во регуларниот дел од сезоната.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2021 10:32